СОРАБОТКА СО ЕМИТЕР

Претставете ги своите самоградби во рубриката 'Што прават емитерџиите'

Една од главните цели на списанието ЕМИТЕР е да го негува и да го поттикнува самоградителството на технички уреди, склопови и направи. Во таа насока, во рубриката "Што прават емитерџиите" ги презентираме практичните градби и иновации на нашите читатели. Со ова сакаме многубројните самоградители и нивните конструкции и иновации да излезат од подрумите, дворовите и гаражите, да се афирмираат пред пошироката јавност и да послужат како поттик за нови конструкторски дела, а зошто да не и за комерцијални производи. 
Затоа, сите вие љубители на техниката кои имате изработено какви било технички уреди кои се функционални и ги користите, слободно претставете ги своите самоградби во ЕМИТЕР. Тоа нема ништо да ве чини, а за возврат добивате многу. 

Како Вашите дела да се најдат на страниците на ЕМИТЕР? 
Сè што треба да направите е да нè контактирате на нашиот e-mail (urednik@emiter.com.mk) или на нашиот телефон (02/3115-111) и накратко да нè запознаете со Вашите самоградителски дела. На основа на овие информации, како и според нашите планови и можности, ќе договориме посета и интервју, од што ќе произлезе репортажа во некој нареден број на ЕМИТЕР. 

Што добивате Вие со тоа? 
Најзначајно е што добивате гратис реклама за Вас и Вашите самоградителски дела (производи/иновации) на територијата на целата наша држава и секаде каде што се чита ЕМИТЕР. Ова е одлична можност да ги проширите Вашите професионални контакти од кои можат да се изродат многу нови идеи, па дури и да се организира производство на некој Ваш уред. Потоа, расте Вашиот рејтинг, што отвора нови можности за да бидете професионално ангажирани на повисоко ниво. Секако, тука се и петте гратис примероци од списанието ЕМИТЕР во кој е објавена репортажата за Вас и за Вашите самоградителски дела. 

Влезете во друштвото на славните емитерџии! Ве очекуваме. 

Со срдечен поздрав, 
Ваш ЕМИТЕР

 

Датотеки за превземање:

* најавете се за да можете да ги преземете датотеките